Овој месец ќе заврши тестирањето врз животни на прототипот на вакцината против коронавирусот, а пробните тестови врз луѓе ќе почнат на почетокот од јуни, изјави Ринат Максјутов, генерален директор на Новосибирскиот истражувачки центар за вирологија во документарецот Опасен вирус емитуван на Росија 1.
Според неговите кажувања, испитувањата врз глувците и ласиците се веќе завршени, а сега па до крајот на месецов вакцината ќе се тестира врз примати.
Во Русија досега има речиси 5.000 заразени и 333 починати луѓе од коронавирусот.