Вакцинацијата против коронавирус на Руси постари од 60 години може да започне следната недела, изјави денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.
Тој за ТВ Русија 1 изјави дека клиничките испитувања на вакцината кај постари лица веќе се кон крајот.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно рече дека се уште не се вакцинирал бидејќи чекал вакцината да биде одобрена и за лица на негова возраст.
Според Мурашко, предвидена е и вакцинација на лица со дијабетес.
Мурашко претходно изјави дека властите планираат да вакцинираат 60 отсто од возрасната популација.
Две вакцини против Ковид-19 се регистрирани во Русија – Спутник V и Епивак корона.