Новата вакцина на американскиот производител Пфајзер и неговиот партнер германскиот Бионтек за САРС КОВ2 вирусот, бара чување на температура од -70 целзиусови степени што многу го отежнува дпставувањето, известува Прс асосиејшн, а пренесува бугарскиот „24 часа“.

Според зборовите на професрот од Универзитетот Кембриџ, Гордон Дуган, повеќето вакцини се чуваат при температура од 4 степени или малку пониска, но не и на -70 степени. Според него, тоа прилично ќе ја отежни доставата на вакцината, пренела БТА.

Мајл Хед кој е постар стручен соработник на Универзитетот во Саутемптон исто така смета дека ќе има проблеми со дистрибуцијата. Според него, складирањео на вакцината на тенпература од минус 70 степени е проблем за многу британски установи, а не пак за здравствените системи на други земји.

Според Алекандар Едврадс од Универзитетот во Ридинг компаниите и научните институти бргу ќе реагираат за решавање на овј проблем.