Министерството за здравство на Косово информира дека од денеска граѓаните можат да се вакцинираат против Ковид-19 во бил кој центар за вакцинирање, без претходно закажување термин, јави дописникот на МИА од Приштина.
Министерството исто така информира дека граѓаните, без оглед на тоа во која општина живеат, можат да се вакцинираат во кој и да е центар за таа намена.
– МЗ цени дека значителен број граѓани од различни возрасти се веќе вакцинирани против Ковид-19 и тоа го прави полесно менаџирањето на процесот на имунизација во секој центар, каде што со екипите за вакцинација кои се на располагање има капацитети за да им се одговори на сите барања на граѓаните за вакцини, се вели во соопшттението.
Деновиве започна вакцинирањето и преку мобилни тимови во неколку косовски градови, за што исто така не е потребно закажување термин.
Во Косово вакцинирањето против Ковид-19 е дозволено за сите граѓани над 12-годишна возраст. Досега во земјата се издадени милион и 575 илјади вакцини, при што втора доза примиле над 735 илјади лица.
Последните неколку недели во Косово дневно се регистрираат во просек по дваесетина новозаразени и по ниеден или еден до двајца починати од Ковид-19, а бројот на активни случаи, според последните, вчерашни, официјални статистики изнесува 443.