Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде му оддаде признание на Антоан Гризман за неговата игра во победата над Бетис (5:2).
Французинот постигна два гола и беше еден од најзаслужните за успехот на Каталонците.
– Морам да признам дека ова беше важен ден заради неговите повреди. Тој реагираше многу добро. Помагаше во средниот ред. Знаеме дека ако се вратат нашите напаѓачи, ќе имаме уште повеќе шанси за победа. Бевме многу добри. Ние примивме гол, но не дозволивме тој момент да не дестабилизира, изјави Валверде.
По две кола Барселона со три бода е на 9. место во Примера.