Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде ги сподели своите очекувања пред вечерашниот натпревар од 5. коло од шампионатот на Шпанија против Гранада. Тој очекува неговиот тим конечно да се прикаже во очекуваното издание.
– Гранада започна многу добро. Како по правило, новодојденците во шпанскиот шампионат секогаш се опасни на стартот. Нема да биде лесно за нас. И покрај ова, ние одиме таму да победиме. Ужасно настапуваме до сега во првенството и време е ова да заврши, вели Валверде во изјава за „Марка“.
По четири кола, бранителот на трофејот во Примера, тимот на Барселона освои седум бода и се наоѓа на 6.место.
Дуелот Гранада – Барселона почнува во 21 часот.