Вирџил Ван Дајк призна дека бил разочаран кога дознал дека не е добитник на Златната топка за најдобар фудбалер годинава.

Холандскиот дефанзивец кој игра за Ливерпул, беше фаворит за признанието, но заврши втор во гласањето зад Аргентинецот Лионел Меси од Барселона.

– Точно е дека бев разочаран, но оценив дека е добро да се појавам на церемонијата, и не се покајав, тоа беше убава вечер. Големо достигнување е да се биде меѓу најдобрите фудбалери на светот. Разговарав со Меси, но не многу, затоа што тој не зборува англиски. Но, доволно се разбравме еден со друг и да сфатиме дека имаме голема почит еден кон друг, рече Ван Дајк.