Првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу Вардар и ПИК Сегед ќе се одигра на 25 април (четврток) во Скопје во СЦ „Јане Сандански” во 20 часот.
Во договор со клубовите домаќини, ЕХФ маркетинг и ТВ куќите што прават пренос усогласени се сите термини од четвртфиналето.
Реваншот со ПИК Сегед е закажан за 5 мај (недела) во 19 часот во Унгарија.
Во четвртфиналето на ЕХФ лигата на шампионите ќе играат уште:
Флензбург – Веспрем
Нант – Барселона
Кјелце – ПСЖ.