Четири натпревари се одиграа попладнево од 4.коло во Првата македонска фудбалска лига, по кое прва радост за три освоени бода забележа Гостивар, додека Вардар не успеа да освои цел плен против Силекс иако гостите од Кратово речиси еден час играа со играч помалку поради црвенито картон на Арсим Љамалари.

Македонија Ѓорче Петров и Шкупи ремизираа без голови, додека Шкендија забележа минимална победа над Брегалница.

Резултати:
Гостивар – Работнички 2:0
Македонија ЃП – Шкупи 0:0
Шкендија – Брегалница 2:0
Вардар – Силекс 2:2

Утре играат АП Брера Струмица и Тиквеш.

Дуелот Воска – Струга ТЛ е закажан за 27 септември.

Табела: Шкендија 9 бода, Брера Струмица 9, Тиквеш 6, Брегалница 6, Работнички 6, Силекс 5, Шкупи 5, Македонија ЃП 4, Струга ТЛ 3, Воска 3, Гостивар 3, Вардар 1.