Дуелот меѓу Вардар и Шкендија од 24. коло од Првата македонска фудбалска лига заврши без победник 1:1.
Вардарци поведоа во 18. минута од дербито, откако Матеус Лемос со глава го матираше Талевски.
„Црвено-црните“ промашија неколку добри шанси, а тоа го казни Шкендија, која успеа да израмни на крајт преку Аганспахиќ.
Вардар во моментов е на 10. позиција во Првата лига со 26 бода, додека Шкендија е на третото место со 45.
Останати резултати во ПМФЛ:
Силекс – АП Брера 2:1
Брегалница – Гостивар 0:0
Македонија ЃП – Тиквеш 1:0
Воска – Шкупи 0:0.