Лидерот на прволигашката табела Вардар денеска ќе има тешко гостување во Струга на теренот на третопласираната екипа Струга. Домашниот тим посакува прекин на серијата од три натпревари без победа со само еден освоен бод, додека „црвено-црните“ со евентуален триумф ќе ја зголемат предноста во однос на конкурентите. Почетокот на дуелот е во 14 часот.

Како најава на овој натпревар е дуелот меѓу двете последнопласирани екипи на табелата Работнички и Шкупи, што почнува во 12 часот.

Инаку 20.коло стартуваше со вчерашниот натпревар во кој Брера како гостин го совлада Башкими со 2:0.

Утре се играат два дуела: Тиквеш – Силекс и Арсими – Македонија ЃП со почеток во 14 часот. Оваа рунда ќе биде комплетирана во понеделник со натпреварот меѓу Шкендија и Пелистер што се игра во Тетово со почеток од 14 часот.

Табела: Вардар 51 бод, Шкендија 45, Струга 42, Силекс 35, Брера 26, Башкими 26, Арсими 25, Тиквеш 24, Пелистер 20, Македонија ЃП 19, Работнички 10 и Шкупи 1.