Ракометарите на Вардар 1961 претрпеа уште еден пораз од Рајн-Некар Левен во завршната квалификациска рунда за пласман во групната фаза на Европската лига на ЕХФ.
„Црвено-црните“ минатата седмица претрпеа пораз од 34-25, пораз кој беше далеку поубедлив од тоа што реално се случуваше на теренот, па така денеска поранешниот македонски шампион беше уште поконстантен, пружи силен отпор при што загуби само со четири разлика (37-33).
Како и на првата средба во Скопје, првиот дел беше израмнет и заврши со резултат 17:17, ама во вториот дел „лавовите“ беа подобри, направија разлика и се изборија за триумф пред своите гледачи.
Лазаревски беше прв стрелец со седум гола, по шест дадоа Јагуриновски и Петриќ. Кај победникот Закаријас, Колбахер и Андерсен дадоа по седум погодоци.