Македонскиот првак Вардар ја забележа петтата победа во групната фаза од Лигата на шампионите, откако вечерва беше поуспешен од Мешков Брест со 30:23.
„Црвено-црните“ до победата стигнаа по подобра игра во второто полувреме. Првите 30 минути завршија нерешено 14:14.
Предводник во триумфот на домаќините беше хрватскиот интернационалец Игор Карачиќ со 11 голови.
Вардар на овој меч настапи ослабен без левиот бек Вуко Борозан.
И во следното коло македонскиот првак ќе биде домаќин, во СЦ „Јане Сандански“ следниот викенд доаѓа Барселона.
По шест рунди Вардар има пет победи и еден пораз и е на првото место на табелчата во А-групата.
Пред неколку дена подмладениот состав на Вардар доживеа тежок пораз од Мешков Брест во СЕХА лигата.