Вардар одигра уште еден одличен натпревар во Лигата на шампионите и забележа нова победа со 32:30 против хрватскиот првак Загреб.
Дел од навивачите на „црвено-црниот“ тим извадија весници во дел од натпреварот и симулираа дека им е досадно, со оглед на големата предност на Вардар од првиот натпревар.
Вардар во четвртфиналето најверојатно ќе игра со унгарскиот првак ПИК Сегед, кој има предност по првиот дел со Висла Плоцк и треба формално да го одработи реваншот.