Комесарот за проширување при ЕУ, Оливер Вархеји, изјави дека има се помалку шанси Македонија и Албанија да добијат преговарачка рамка до крајот на годинава и да започнат пристапни разговори за членство во ЕУ.
-Се уште се надевам, но за жал, се помалку е сигурно дека оваа година можеме да ги усвоиме преговарачките рамки – рекол тој во Европскиот парламент, за време на дебатата за состојбата на Западен Балкан – 25 години по Дејтонскиот договор.
Тој вели дека Македонија „мора да вложи дополнителни напори за да излезе во пресрет на загриженоста на Бугарија“, со цел, како што истакнува, да се најде решение што е прифатливо за обете земји.