Сојузниот американски судија во Вашингтон и наложи на Северна Кореја да плати 500 милиони долари на семејството на американскиот студент Ото Вармбериер, кој почина набрзо по ослободувањето од севернокорејски затвор.
Пресудута на октужниот судија претставува симболична победа, бидејќиу не постои механизам што би ја принудил Северна Кореја да плати отштета.
Вармбариер беше уапсен во 2016 година во Северна Кореја, за време на групна посета, поради сомнение дека украл пропаганден постер. Почина во јуни 2017 година, набрзо по ослободувањето од затворот, каде според тврдењето на неговите родители, бил изложен на мачење и тортура.
Пјонгјанг тврди дека ботулизам и апчиња за спиење биле причината за смртта на младиот човек и демантира дека бил измачуван.