САД ќе враќаат илегални мигранти во Мексико додека властите разгледуваат нивни документи за да ги спречат да „исчезнат“ на американска територија. Тоа го изјави министерката за внатрепна безбедност Кирстјен Нилсен.
– Странците кои се обидуваат да го искористат системот за да влезат илегално на наша територија нема да имаат прилика да исчезнат во САД каде многумина од нив не почитуваат повици од судови, нагалсува таа во соопштение.
Имигрантите кои илегално ќе влезат на американска територија или немаат уредни документи од сега ќе чекаат во Мексико одлука од имиграциски суд.
Мексиканската влада е известена за тоа и одлучила да преземе свои мерки.