Републиканците во Сенатот ќе предложат намалување на дополнителните бенефиции за невработени од 600 на 200 долари неделно, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на два извора.
Предлогот ќе биде дел од поширок стимулативен пакет од илјада милијарди американски долари, насочен кон помагање на американската економија погодена од пандемијата на коронавирусот.
Републиканците ќе го презентираат својот план во текот на денот. Тие се надеваат дека ќе го искористат за време на разговорите со демократите.
Помошта за невработени од 600 долари неделно измина пред неколчку денови и демократите предлог за продолжување на таа мерка до јануари бидејќи процентот на невработрени останува многу висок.