Професорката и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска во своето обраќање пред Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека погромот кој што се случува денес во целиот државно политички систем се чувствува и во високо образовните установи, а македонскиот студент денес е понесреќен од оној кој што студирал дури и од времето кога условите за студирање биле многу полоши од денес.
– Денес сме соочени со погромот кој што се случува воопшто во целиот државно политички систем на Република Македонија, а истиот го чувствуваме и силно не притиска и во делот на високо школските установи. Зошто македонскиот студент денес е понесреќен од оној пред 10-тина години или пред 20 кога јас бев студент и кога навистина беше нејасно дали Македонија навистина ќе продолжи, дали ќе успееме, дали ќе имаме можности кога немаше интернет, кога немаше толку можности да се патува и да се разменуваат искуства. Кога беше навистина привилегија и чест да се добие стипендија, да се добие некој студентски престој да се оди на некој семинар.
Таа изрази огромна благодарност до партијата ВМРО-ДПМНЕ поради искуствата и знаењата кои ги стекнала како член на партијата учествувајќи на настани организирани од партијата и другите партнерски институции, напоменувајќи ја Фондацијата „Конрад Аденауер“.