За влез во Ватикан од 1 октомври ќе биде потребен „зелен здравствен сертификат“ за докажување на имунитет од Ковид-19, соопшти папската држава.
Британските медиуми пренесуваат дека жителите, работниците и посетителите ќе мора да носат таканаречен „зелен сертификат“, што веќе нашироко се користи во Италија, се наведува во соопштението на Светата столица.
Исклучок ќе се направи за оние што присуствуваат на миса „во времето потребно за обредот“.
„Зелениот сертификат“, првично наменет за олеснување на патувањата меѓу земјите од Европската унија, покажува дали некој е вакциниран, негативен на тестирање или неодамна прележал Ковид-19.
Италијанската Влада минатиот четврток ги задолжи сите работници од 15 октомври да го покажуваат сертификатот, во обид да ја поттикнат кампањата за вакцинација.