Поради исклучително високите температури, веднаш по пристигнувањето на петте хеликоптери на местото на големиот шумски пожар во Пехчевско, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување, информира в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Ангелов на својот фејсбук профил напиша дека хеликоптерите повторно ќе се упатат кон Пехчево по намалување на температурата на воздухот за неколку степени.

-Безбедноста на посадата на воздухопловите и безбедноста на луѓето се на прво место, наведува Ангелов.

Сега температурите се пониски, во Пехчево измерени се 27 степени, но хеликоптерите не можат да се вратат зашто веќе падна ноќ.

Македонските хеликоптери не можат да летаат ноќе, а тие што се дојдени на помош, се со екипаж кој не се обучувал на наш терен.

Оттука, Пехчево сега е во рацете на Господ и на пожарникарите на земја.

Патем, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, денеска беше иенуван за директор на институцијата. Досега беше в.д. директор.