Светскиот шампион во ВБЦ верзијата, Тајсон Фјури не само што може да ја изгуби титулата, туку и да стави крај на неговата кариера, како и на неговиот братучед Хју. Причината за ова е употребата на забранети стимуланси во 2015 година. Во тоа време, тие се оправдуваа со јадење на месо од дива свиња, кое го зголемило нивото на нандролон во нивната крв, пренесе Дејли мејл.
Но, сега, земјоделецот Мартин Керфоут тврди дека двајцата го принудиле да лаже дека ги снабдувал со месото за кое станува збор. Му ветиле и 25.000 фунти, кои дури и не ги платиле. Земјоделецот потпишал две сведоштва во кои вели дека го дал предметното месо на браќата Фјури за време на случаите против нив. Анти-допинг агенцијата на Велика Британија веќе објави дека тие го испитуваат случајот.
– Тие ме посетија во ноември 2016 година на мојата фарма во Престон. Дојде човек близок до браќата Фјури. Тие ме замолија да лажам дека сум им го дал месото. А јас дури и немам месо од дива свиња. Никогаш не сум убил такво животно Тие постојано ме убедуваа дека ќе ми платат. Кога работите се влошија, ми понудија одредена сума пред и по случајот. Во моите очи, јас само им помагав. Доста ми е од лаги. Луѓето заслужуваат да ја знаат вистината, изајави Керфут.
Доколку се докаже измамата, голема е веројатноста Тајсон Фјури да ја изгуби светската титула што ја освои неодамна по мечот со Дионтеј Вајлдер. Исто така, ризикува сериозна казна за долг временски период, што би можело да значи и крај на неговата кариера.