За само една недела, од 14-ти до 20 јануари, во општина Гевгелија се регистрирани 188 нови случаи на Ковид-19. Се полнат болничките кревети во невропсихијатриското одделение и во Ковид модуларната болница. Бројот на активни случаи е 332, и од ден на ден бројките растат. Само вчера процентот на позитивни од тестираните во Ковид пунктот за тестирање во Гевгелија изнесувал 75 отсто, велат надлежните, објавува гевгелиската ТВ Нова.
.
На последната седница на општинскиот штаб за заштита и спасување беа донесени повеќе заклучоци и мерки. Се апелираше до граѓаните доследно да ги почитуваат и применуваат заштитните мерки од КОВИД-19 (носење заштитна маска, редовна дезинфекција на раце и површини, како и одржување на соодветно растојание во затворен простор), да се зајакне контролата на инспекциските служби, а докторите уште еднаш апелираа, по кој знае кој пат, граѓаните да се вакцинираат, објави телевизијата.