Актуелниот лидер во шпанското првенство Атлетико Мадрид соопшти попладнево за нови случаи на заразени со коронавирус во своите редови, посочувајќи дека Томас Лемар и Хектор Ерера се позитивни на Ковид-19.

Со нив двајца вкупниот број за заразени со коронавирус во Атлетико Мадрид се искачи на шестмина.

Шпанските медиуми јавија дека екипата, во очекување на резултатите од тестирањата, го откажала претпладневниот тренинг, а фудбалерите индивидуално ќе пристигнат на стадионот „Ванда Метрополитано“ за вечерашната првенствена пресметка против Селта Виго.