Скандалите со непотизам и судир на интереси во Македонија никако да запрат. Не само од не постои желба да  се искорени туку сега истиот стана дел и од институцијата која треба да санкционира, пишува скопски Вечер.

Според информациите од свиркачи кои стигнале до Вечер.мк, се појави нов случај на непотизам овој пат поврзан со член на Антикорупциската комисија.

Имено, Неда Дојчиновска, ќерка на Софка Пејовска Дојчиновска која е член Антикорупциската комисија, најпрво е вработена во Секретаријатот за европски прашања, а потоа без конкурс испратена на испомош во Постојаната мисија на Македонија при Европската Унија во Брисел.

Неда Дојчиновска ќерка на Софка Пејовска Дојчиновска

Неда Дојчиновска ќерка на Софка Пејовска Дојчиновска.

Иако подоцна на конкурсот се пријавени поискусни и подобри кандидати со повисоки звања од нејзиното, пишува Вечер, сепак на 13 декември мандатот како советник во мисијата и е доделен на  Дојчиновска, а одлуката е лично потпишана од министерот за европски прашања Бујар Османи.