На Онкологија се лечеле Косовари со македонско државјанство на товар на Фондот!
Катастрофалното работење на Клиниката на онкологија секој ден се потврдува со нови скандали. Она што најново шокира е признанието на доктор на Клиниката за онкологија, кој во интервју кажа дека косовски државјани се лечеле како македонски државјани.
Односно, истиот државјанин на Косово во брза постапка добивал македонско државјанство и здравствено осигурување за да се лечи на Клиниката на онкологија. После ова признание од доктор, бараме ОДГОВОР од министерот Оливер Спасовски по кој основ се делеле македонски државјанства на жители од Косово.
Како непартиска иницијатива, бараме целосно расветлување на овој скандал и кои лица биле инволвирани во давањето државјанства на жители на Косово, како и колку штета е предизвикана на Фондот на здравство.
Продолжуваме со протести секој понеделник – од 18 часот пред Влада!
ФБ статус на групата Протест против убиството на Онкологија