Иако е најлесно да се истегнете во кревет, кога се враќате дома исцрпени, по напорен ден, тоа не е најдобро решение за вас. Во моментите на најголем замор треба да сториме нешто што ќе нè опушти, ќе ни го исчисти умот и ќе нè подготви за следниот ден на најдобар можен начин.
Ако сакате да го промените квалитетот на вашиот живот, сега е вистинското време да ја воведете оваа вечер рутина која ќе ве натера да станувате со насмевка секое утро.
Одберете книга наместо телевизија.
Вечерајте лесна храна.
Опуштете се. Ставете си маска на лицето, на косата, едноставно негувајте се.
Направете си план за следниот ден.
Напијте се шолја чај пред да си легнете.