Кошаркарите на Партизан ќе играат вечерва во Мадрид против Реал, решавачки натпревар од четвртфиналето на Евролигата.
По двете победи во Мадрид на почетокот од оваа серија, црно-белите пропуштија две меч топки во Белград за да обезбедат пласман на фајнл-форот, закажан за 19-21 мај во Каунас.
Петта утакмица, шеста нема… Некој ќе оди на фајналфор“, рече тренерот на Партизан Жељко Обрадовиќ.
Натпреварот почнува во 21 часот.