Дојранските домаќинки и Општина Дојран, вечер го организираат традиционалниот фестивал на храна, обичаи и култура „Дојран Гурман Фест“, што ќе се одржи во Градскиот парк во Нов Дојран.
За оваа прилика во паркот ќе биде поставена богата трпеза со традиционални дојрански специјалитети од риба чии што рецепти, велат домаќинките, се пренесуваат од колено на колено уште од времето на нивните прабаби до денес.
Присутните гости на фестивалот ќе имаат можност да вкусат специјалитети карактеристични за ова поднебје, како што се риба на трска, ќофтиња од икра, крашник со крап, фригани риби, млечник и познатите дојрански татлии.
На фестивалот ќе бидат изложени специјалитети од Здружението на жени „Дојрана“ како и од неколку угостителски објекти од Нов и Стар Дојран.