Во македонскиот Културно-информативен центар во Софија вечер од 18.30 часот ќе биде промовирано бугарското издание на романот „Нишан“ од Блаже Миневски.
На бугарски јазик книгата ја преведе Маријан Петров, а ја објави издавачката куќа „Изида“.
-Возбудлив роман за животот и смртта, за смислата и бесмисленоста на војната, за љубовта и омразата, за свет разделен на две, кој само љубовта и хуманоста можат да го помират, наведува КИЦ во Софија за романот „Нишан“.
Миневски за „Нишан“ ги доби наградите „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, „Роман на годината“ и „13 Ноември“.