Нов земјотрес вечерва ја потресе Македонија со јачина од 2,9 степени според Рихтер.
Според специјализираната светска интернет страница за следење на потресите ширум светот ЕМСЦ, земјотресот бил во 21.47 часот на оддалеченост од 24 километри источно од Скопје, односно 13 километри североисточно од Илинден.
Длабочината е 8 километри.