Протестот на ПЕТА, кој вклучуваше и реквизит куче, беше замислен да предизвика гнев и да ги натера луѓето да се запрашаат: „Ако не би јаделе куче, зошто би јаделе јагне?”
Тие додаваат дека ова е форма на дискриминација се темели на видот и дека, како и сите други форми на дискриминација, не може да се оправда. „Како луѓе, инстинктивно чувствуваме сочувство кон животните, но научивме дека е во ред да грабиме и да јадеме некои од нив, без да размислуваме кои се тие како поединци”.
ПЕТА се надева дека луѓето ќе размислат што ќе подготваат на скара откако ќе го видат готвачот како „го пече домашното милениче со некој зеленчук”.
Но, многумина беа згрозени од протестот, а некои сметаат дека ПЕТА не можела да падне пониско. Сведоците тврдат дека исплашените деца биле шокирани од глетката.