Фудбалерот на Арсенал, Дани Велбек беше подложен на втора операција за неколку дена. Според официјалната веб-страница на „Топџиите“, двете операции биле успешни, без компликации.
Сепак, времето за враќање на фудбалерот не е одредено. Првата операција беше изведена во петокот, втората во текот на вчерашниот ден.
За потсетување, Велбек се здоби со сериозна повреда на глуждот во натпреварот од Лигата на Европа со Спортинг на 8 ноември.