Веле САМАК
Пред 4 години, многумина го славеа потпишувањето на преспанскиот геноциден документ, а потоа славеа и излегување на референдумот. Пред 4 години тие кажаа дека не им е гајле што се и какви се родиле. Сеедно им беше. Сега по 4 години, доаѓа друг и им вели: „Бидејќи не ви e важно што сте, вие сте Бугари!„ „Ааа, не! Па ова не е можно!?„
На која планета мислат дека првото оди без второто?!
Тогаш оправдувања имаше многу, меѓу другото, дека тоа било за европската иднина на Македонија, дека конечно сите три дела ќе биле заедно, или дека ако не се откажеме од се ќе имало војна итн. Се, само за да се влезе во некој си клуб, да не се чека надвор пред јаже и вратар. Вакви uncle-tom лица имаше не само во платените шарени, но и во вмро-овците, како и кај многу „интелектуалци-идиоти„.
Тогаш беше ок бидејќи нели, ако одиш во Грција да не ти удираат печат на ливче, срамота. Ама, кога некој ти вели – штом не ти е гајле како што си се родил, ќе бидиш Бугарин, реакцијата е „Бог да чува! Леле, па ова не е европски, итн„ звучи малце културно кажано, да не биде по вулгарно, по свадба тапани.
Некој од нив можеби конечно сфатија за што се работи и ја сфатија сериозноста на ситуацијата, покажуваат каење, и се спремни да се борат да конечно ги зачуваме за нашите генерации она за што нашите предци заедно се избориле: слобода да си градиме подобра иднина како Македонци. Таа иднина зависи само од нас тука, не од некој си надвор. И таа иднина не зависи од тоа се откажеш од тоа што си роден – нешто што ниту еден народ или племе во цела човекова историја до денес не го направил под притисок на војна и пиштол на глава, а камоли во мирно време да си го потпише геноцидот.
Не постои француски предлог, ниту пак влез во ЕУ за Македонија. Постои само континуиран обид за геноцид врз Македонците. Ако мислите дека со Бугарија се решаваат проблемите за влез во ЕУ, имам две Ајфелови кули за продавање, по супер цена. Од 2015 па наваму, постојат огромни тензии внатре во ЕУ, па и во НАТО. Она што го гледате во јавноста е само навидум обиди да се прикријаат тие тензии.
Никој во ЕУ нема да промовира нови членки ако нема сигурен метод да ги контролира и нив и останатите. Тоа можеше да биде Германија едно време, ама и нејзината моќ е во распад. А тоа што Франција е зад некаков си „предлог„ само ви кажува кој исто така не сака да влезиме во ЕУ. За НАТО нема што да додавам, само видете како тоа се користи за влез на нови членки преку договорот што го доби Турција. За наивните кај нас што не прочитале ниту договор за кредитна картичка, тоа се вика leverage и преговарање.
И на крај, за тие што „претат„ некаква си војна или тензии, тоа е сериозна работа за која сите институции може да се ангажираат и потоа да ја санираат таа опасност кон државата. Во НАТО земјите нема толеранции за интерни бунтови и немири, особено сега кога „едниството во НАТО„ е многу важно.
(Авторот е екс министер во Владата на Груевски, а напишаното е преземено од неговиот ФБ профил)