Триесет и четири годишен маж силувал 21-годишна девојка во Велес.
Инцидентот, како што информираше СВР Велес се случил во вторникот вечерта околу 23:30 часот кај „Спомен Костурницата“. Триесет и четири годишниот А.Т. со употреба на сила извршил обљуба над 21-годишна девојка, со која претходно се познавале.
Како што информираат од СВР Велес, бил известен јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.