Двајца мажи искасани од оси биле донесени вчера во велешката болница. Едниот имал околу 30, а другиот околу 60 години.
Повозрасниот маж вечерта починал, додека 30 годишното лице по дадената лекарска помош и соодветна терапија во велешката Општа болница, бил испратен дома, велат од болницата.
Од Брзата помош во Велес за МИА изјавиле дека 60 годишниот маж целиот искасан од оси во коматозна состојба со брза помош бил однесен во Велешката болница. Тој бил искасан по лицето, рацете и по телото. Од Брзата помош велат дека очигледно било дека лицето е алергично на оси.