Вториот ден на Велигден, според православниот календар, 29 април 2019 година, е неработен ден за сите граѓани на РепубликаМакедонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Министерството во исто време, на граѓаните од православна вероисповед во Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.
За православните христијани неработен ден е и петок 26 април.