Комитетот за привилегии на британскиот парламент го суспендираше поранешниот британски премиер Борис Џонсон и му забрани влез во таа институција во следните три месеци.

Задачата на четворица пратеници од Конзервативната партија, двајца лабуристи и еден либерал-демократ, беше да утврдат дали Џонсон навистина нема сознанија за журките и забавите во владините згради додека земјата беше заклучена поради пандемијата на коронавирус или дали го лажеше Парламентот.

Извештајот – долг околу педесетина страници, доцни два дена бидејќи Управниот одбор мораше повторно да се состане и да ја разгледа оставката на Џонсон, која ја поднесе веднаш откако документот му беше испратен на прелиминарен преглед, пренесува медиумот.

Според написите, очекуваниот заклучок на Комитетот е дека Џонсон свесно и со предумисла го лажел Парламентот.

За извештајот и казнените мерки на Комитетот за привилегии ќе расправа и ќе гласа Долниот дом на британскиот парламент. Тогаш препораките на Одборот ќе се претворат во обврзувачки одлуки.

Во својата оставка, самиот Џонсон го окарактеризира Комитетот како „пристрасен“, а Извештајот како „политички лов на вештерки“.