Вработените во образованието во Англија побараа училиштата да бидат затворени две недели.

Апелот уследи откако министерот за образование на Велика Британија, Гевин Вилијамсон изјави дека сите училишта ќе бидат затворени в понеделник во Лондон, а не само во некои помали градови, и ја образложи таа одлука со брзото ширење на коронавирусот.

Од синдикатот одговорија дека таквата мерка е стресна за децата, наставниците и родителите, затоа, очигледно, околу милион ученици од основните училишта ќе следат настава од дома најмалку уште две недели.

Додека властите се обидуваат да го спречат ширењето на новиот, позаразен вид на коронавирус низ Велика Британија, бројот на нови инфекции не падна под 50.000 на ден во последните четири дена.