Во градот Карлајл во Англија, маж минал 14 часа висејќи со главата надолу од познатиот, историски Диксонов оџак, висок 88 метри. Човекот починал, соопшти полицијата.
Пожарникарите и другите служби покренале спасувачка акција веднаш по дојавата дека човек во своите 50-ти се заглавил во оџакот. Бил испратен и хеликоптер како помош на пожарникарската спасувачка конструкција.
Но, човекот починал пред да заврши спасувањето. Истрагата за тоа – како и зошто човекот завршил на врвот на тоа здание, е во тек.
Оџакот на Питер Диксон е изграден 1836 година и тогаш бил највисокиот оџак во Велика Британија.