Британските пратеници гласаа за осум различни опции за брегзит минатата ноќ, но ниту еден не доби доволно поддршка во Парламентот што се обидува да најде алтернатива на договорот на премиерката Тереза Мај со ЕУ, а кој пратениците досега веќе двапати го отфрлија.
Меѓу опциите за кои се гласаше, беа напуштањето на ЕУ без договор, останување во царинска унија и единствениот пазар на ЕУ, поднесување каков било договор за напуштање на Унијата на референдум, како и поништувањето на брегзит, ако напуштање на ЕУ без договор станува реална опција.
Најмногу поддршка имаше планот за останување во царинска унија и по брегзит.
Пратениците планираат да ја намалат листата на опции за кои ќе гласаат в понеделник.
Предлогот за царинска унија со ЕУ беше одбиен со 272 гласови за и 264 „за“, додека повикот за референдумот пропадна со 295 наспроти 268 гласови.
Министерот задолжен во британската влада за брегзит, Стивен Беркли, рече дека резултатите го зајакнале ставот на премиерката Тереза Меј дека нејзиниот предлог за договор со ЕУ е „најдобра опција”.