Принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета Втора, е пренесен во болница заради превентивен третман, соопшти Бакингемската палата.
Војводата од Единбург, како што гласи официјалната титула на принцот Филип (98), е пренесен во Лондон од семејниот дом Сандринген во Норфолк.
Тој е примен во лондонската болница „Крал Едвард Седми“.