Три лица починаа во болница во Велика Британија по инфекција со заразена бактерија која предизвикува листериоза, а веројатно е дека изворот на инфекцијата е во пакувани сендвичи, објави британската Агенција за јавно здравје.

„ Зараза со листерија е утврдена кај шест пациенти хоспитализирани во Англија.
За жал, тројца пациенти починаа”, се вели во соопштението на ЈЗУ.

Производителот на сендвичи „Гуд фуд Чаин“ го прекина производството додека трае истрагата за околностите на инфекцијата, додава агенцијата.

Листеријата не се пренесува од човек на човек. Едно лице се заразува ако јаде заразена храна, сурово млеко, сирење, зеленчук, месо, а сликата на болеста зависи од имунолошката состојба на лицето.