Многумина кои пушат цигари во автомобилот, често користат и освежувач за воздух, а тоа за еден Британец беше прилично трауматично искуство.

Имено, тој на доста тежок и скап начин научи дека комбинацијата од спреј и отворен пламен може да има многу опасни последици… Автомобилот му експлодирал кога ја запалил запалката во возење на улица во Халифакс, Велика Британија.

Човекот, за среќа, минал со полесни повреди, но возилото е прилично оштетено.

Неименуваниот возач управувал со црн СЕАТ Леон и, кога запалил цигара, следела експлозија којашто му ги искршила стаклата, ја свиткала каросеријата, па дури ги пукнала и стаклата на објект во близина.