Пензионерите и денеска протестираат во многу градови низ Македонија, револтирани од 78 отсто зголемување на функционерските плати и понудата од 6 отсто за покачување на пензиите.
Денеска во врска со оваа тема се јави и поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.
– Ние сме единствена држава во светот каде пензионерите протестираат а младите наместо да протестираат и се борат за своите права се иселуваат од својата држава Македонија, вели Вељаноски.
Пензионерите, како што објавивме, бараат линеарно покачување на сите пензии за 3.500 денари и најавуваат голем пензионерски протест во Скопје на 14 овој месец.