Капитенот на Металург, Мартин Велковски успешно е опериран по повредата – скината Ахилова тетива.

Неговата повреда е санирана со хируршка интервенција во првата општа болница во Република Македонија „Ре Медика“, кај специјалистот за овој вид повреди д-р Димитар Споа. Операцијата помина одлично, а процесот на рехабилитација ќе трае неколку месеци, соопшти македонскиот ракометен вицепрвак преку официјалната веб-страница.

Велковски се повреди на дуелот со Бешикташ во Лигата на шампионите.