Заменик министер за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски во рамки на денешната посета на Неготино, го посети Центарот за социјална работа и здружението „Порака“ Неготино.
„Во Центарот за социјална работа имав можност да поразговарам со директорката и дел од вработените. Споделија дел од своето секојдневие, предизвиците со кои се соочуваат, но и задоволството од неодамнешното покачување на платите за 20%. Ваквите средби секогаш потсетуваат колку е важно да се вложува во луѓето – затоа што тие се столбот на секоја добра услуга кон граѓаните.
Потоа ја посетив и „Порака“-Неготино, каде што остварив средба со вработените во здружението.Разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат во секојдневната работа со лицата со попреченост, како и за поддршката што е неопходна за континуирано и одржливо делување“, објави Велковски.
Работата на терен ми овозможува директен увид во проблемите и уште поголема мотивација за решавање на предизвиците, потенцира Велковски во објавата.