На 13.12.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитар Туриманџовски“ и бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(28) од Скопје и велосипед управуван од Б.З.(83) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.




