Рајан Гигс нема да ја предводи фудбалската репрезентација на Велс на претстојното Европско првенство, откако судот во Манчестер јунајтед покрена обвинение против него за физички напад врз две жени и нанесување телесни повреди.
Повикувајќи се на соопштение на полицијата во Манчестер, британскиот сервис Би-би-си пренесе дека поранешниот фудбалер на Манчестер јунјатед е обвинет за нанесување телесни повреди на триесетгодишна жена, како и за напад врз девојка на возраст од околу 20 години во инцидент што се случил во вечерните часови на 1 ноември минатата година.
„Триесетгодишна жена претрпе полесни повреди, но не и беше потребна медицинска помош. Уапсен е 46-годишен маж под сомнение за напад според член 47 и напад според член 39“, соопшти полицијата веднаш по инцидентот. Гигс тогаш беше приведен и пуштен со кауција до завршување на истрагата.
Процесот против Гигс ќе започне на 28 април во судот во Манчестер.
Фудбалската федерација на Велс соопшти синоќа дека Роберт Пејџ останува вршител на должноста селектор и ќе го предводи тимот на Европското превснтво.