Ицо НАЈДОВСКИ-ПЕРИН
Пиринска Македонија
Македонските друштва од Пиринска Македонија вчера положија венци пред споменикот на Гоце Делчев во Благоевград по повод големиот број на убиени Македонци во 1924 год.
Денес во Благоевград Македонците од Пиринска Македонија и активисти од Австралија, САД, и Британија положија венци и одржаа пригодни говори во чест на убиените Македонци од бугарските власти и македонските слуги. Со делегацијата на иселениците Ицо Најдовски – Перин од Австралија, Гоце Панговски од САД, Валентина Мишковска од Лондон, Британија беше и проф од ИНИ Катерина Тодороска.
Пригодни говори одржаа Димитар Иванов од Шумен и Ицо Најдовски Перин.
После полагањето на венците дел од присутните ги посетија новите простории на македонскиот клуб “Никола Вапцаров” каде што беа разменети мислења и идеи за заедничка соработка во иднина за човековите права на Македонците во Пиринска Македонија.
Ицо Најдовски Перин од Благоевград побара раскинување на т.н. Добрососедски договор на Бугарија и Македонија, да се укине Комисијата за заедничка историја со Бугарија и да нема отворање на Уставот на Македонија за понатамошно разнебитување на Македонија и македонскиот народ.
Вечна слава!